80
Министерот за одбрана на Србија, Милош Вучевиќ вели дека од српска страна не е изненадување што Приштина купува американски ракети, туку дека има незадоволство.
– САД се долгогодишен сојузник на Приштина, така што оваа акција не не изненадува, но логично е да сме разочарани и отворено да го искажеме нашето незадоволство. Сепак, не можеме да ја промениме американската политика. Наше е да ги зајакнеме нашите одбранбени капацитети и тоа секако ќе го направиме во наредниот период, како што тоа го правиме со години. Ќе имаме соодветен одговор – рече министерот Вучевиќ.
Да потсетиме, американскиот Стејт департмент одобри потенцијална продажба на 246 ракети Javelin на Приштина за проценета вредност од 75 милиони долари, соопшти Пентагон.