0
Премиерот на Србија – Милош Вучевиќ вечерва ја отфрли можноста за формирање преодна влада, откако вакво барање упатија повеќе претставници на опозицијата.
„Нема преодна влада. Никогаш нема да им дадеме мандат да формираат влада без избори. Граѓаните ќе гласаат на избори“, напиша Вучевиќ на социјалната мрежа Х.
Според него, кога е најтешко, тогаш се гледа кој е што, и тогаш СНС треба да покаже најголема одговорност.
„Наше е да продолжиме да работиме, да не дозволиме животот да престане. Нема отстапување пред насилниците. Затоа не смееме да престанеме да работиме. Затоа ве молам да работите уште повеќе. Должиме тоа на нашата татковина, на нашата Србија“, рече Вучевиќ.