Вучевиќ: Епицентарот на нарко картелите е во Приштина, Курти да не бара никого надвор од Приштина

by Fokus

Вицепремиерот и министер за одбрана на Србија, Милош Вучевиќ денеска ги демантираше обвинувањата на премиерот на Косово, Албин Курти и нагласи дека епицентарот на нарко картелите и криминалните банди е токму во Приштина.

„Изгуби секаква смисла. Тоа што го кажува тој мал тиранин од Приштина веќе нема смисла. Да го потсетам малиот тиранин од Приштина дека епицентарот на нарко картелите и криминалните банди е во Приштина. Да не оди наоколу барајќи некој надвор од Приштина. Ако сака да се бори против криминалот, мора да тргне од она што се случува во Приштина“, изјави Вучевиќ за новинарите.

Тој нагласи дека Курти продолжува да врши терор врз Србите, сакајќи да ја исчисти Република Косово од нив.

„Буквално, ако никој не остане, тогаш би го решиле прашањето за Косово и Метохија како што сакаат. И секако уништуваат културни и духовни споменици“, рече Вучевиќ.

Министерот за одбрана оцени дека властите во Приштина би сакале да го регистрираат српското културно наследство на Косово и српските манастири како свои.

„Тоа е стадиумот на кој веќе се работи на криминалниот проект – етничкото чистење на Косово и Метохија од Србите. И тој е најголемиот тиранин кој го спроведува. Така што веќе нема смисла. Навистина тоа што го вели е надвор од контекст, нема ниту еден доказ. Човекот веројатно не знае што да прави со својата омраза“, рече Вучевиќ.

Поврзани новости