Вучевиќ: Апелирам да нема конфликт, загрижен сум за подготовките на терористички акт

by Fokus

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, денеска уште еднаш апелираше до организаторите на утрешната средба по секоја цена да избегнат сценарио за конфликт и изјави дека е особено загрижен за она што синоќа можеше да се види во медиумите, што го оцени како покана и подготовка за терористички акт.

Вучевиќ на конференција за медиуми во Владата на Србија потсети дека утрешниот протест не е пријавен и рече дека без разлика, со оглед на тоа што тие што го најавуваат имаат организациски потенцијал, имаат и одговорност.

„Моја желба е како премиер уште еднаш да апелирам до сите учесници, до организаторите, до оние кои суштински го организираа и не го регистрираа собирот, по секоја цена да го избегнат сценариото за конфликт, напади врз институции, уништување имот, напади врз други луѓе. Тоа е обврска и одговорност на сите учесници“ – рече Вучевиќ.

Поврзани новости