Откако повторно се огласија сирените во северниот дел на Косово, косовскиот министер за внатрешни работи Џељаљ Свеќља потврди дека едно лице е уапсено, наведувајќи дека наводно станува збор за водачот на Цивилната заштита, но и организатор на нападот на КФОР во Звечан, пренесоа српските и косовските
За ова време граѓаните повторно се собираат кај Техничкото училиште, а кај мостот кај ЕТЦ има неколку оклопни возила на специјалните единици на косовската полиција.
Попладнево сирените повторно се огласија во северниот дел на Косово, а како што сега потврди Свеќља, поради апсење на Србин од Косовска Митровица.
„Денеска косовската полиција го уапси М.М, еден од водачите на криминалната група „Цивилна заштита““, рече Свеќља.
Давајќи целосни генералии, тој вели дека станува збор за еден од водачите на Цивилната заштита, но и „лидерот на криминалните групи кои со години тероризираат наши граѓани, напаѓајќи припадници на косовската полиција и институциите на Република Косово. “.
Тој нагласува дека ова лице било „главниот организатор на нападот на силите на КФОР и на косовската полиција во Звечан“.
Свеќља тврди дека при апсењето биле нападнати припадници на косовската полиција, а тројца биле полесно повредени.
„Како што во континуитет нагласувам, помина времето на криминалните банди на северот од нашата земја. Сите поединци или криминални групи кои го нарушиле безбедносниот и уставниот поредок на Република Косово ќе се соочат со правдата. Републиката нема да се повлече“, изјави Свеќља.
Набргу по ова апсење, кое се случи во центарот на Косово, голем број граѓани се собраа на раскрсницата во улицата Лола Рибар, односно во близина на Техничкото училиште и здравствениот дом. Меѓу нив има и такви кои носат маски.
Малку понатаму, во правец на мостот кој води кон ЕТЦ, односно во Бошњачка Махала, има неколку возила на специјалните единици на косовската полиција.