Овие денови во Виена сé ќе биде околу виното, вели Николовски

by Fokus

Овие денови во Виена сé ќе биде околу виното, негова промоција, и бенефитите кои ги имаме со #ОтворенБалкан, објави министерот за земјоделство, Љупчо Николовски.

На покана на министерката за земјоделство на Србија,  Јелена Танасковиќ, а на мое големо задоволство, заедно ќе го  претставиме нашето најдобро, пред најреномираните новинари, познавачи на виното, потенцијални бизнис партнери, и купувачи од Австрија, Германија и Швајцарија.

Македонското вино е нешто со што се гордееме, најдобар промотер на нашата земја, и најгласниот и најдиректен маркетинг за нашата земја“, напиша Николовски на својот фејсбук профил.

Поврзани новости