202
Александар Ѓорчевски, татко на киднапираната и убиена Вања Ѓорчевска, е донесен во Кривичниот суд, објави Скопје1.
Обвинителството го сомничи како соучесник во случајот каде е убиена неговата ќерка. Обвинител побара од судија на претходна постапка да му се одреди 48-часовен притвор за да не избега или попречува на истрагата.
Таткото е донесен во судот откако еден ден помина во полициска станица и во Обвинителството на распит.
Утринава Обвинтелството и МВР кажаа дека тој негирал поврзаност, но дека тие поседуваат докази кој го покажуваат спротивното.
Фото: Скопје 1