Второто новозаразено лице од Дебар е маж, тој не е поврзан со претходниот случај

by Фокус

Маж од Дебар, кој е хосиптализиран во ГОБ „ Септември“ во Скопје, е вториот нов случај на Ковид 19 што се појави во оваа општина, која подолго од 45 дена беше без новозаболени.

Во петокот корона вирус беше дијагностициран кај жена од селото Долно Косоврасти, која пред неколку години е оперирана од тумор во мозокот, имала висока температура и чести епилептични напади.

Таа беше пренесена на Клиниката за  неврологија во Скопје, каде што е потврено дека е заразена со коронавирус, по што е хоспитализирана во Инфективната клиника.

-Тестовите на лицата кои имале контакт со заболената жена се негативни, што е добра вест. Сепак сите тие и понатаму се во самоизолација – вели градоначалникот на Дебар Хекуран Дука.

Поврзани новости