Вторите тестови на Османи и Адеми негативни, се враќаат на работа

by fokus

Вицепремиерот Бујар Османи и министерот за образование Арбр Адеми попладнево соопштија дека и вторите тестови на корона вирус им се негативни.

-И вториот тест на КОВИД-19 е негативен, со што денес завршува мојот карантин и од утре се враќам на работа во целосна функција. Изминативе 14 дена изолација користејќи ги сите дигитални алатки, одржував редовни состаноци со штабот, со Владата, со вработените во Секретаријатот за европски прашања, при што практично сите обврските и активностите течеа непречено, напиша Османи.

Адеми се заблагодари на поддршката која му ја давале и порача да се почитуваат мерките.

Поврзани новости