Втори сме во регионот по стапка на смртност од корона вирус

by Fokus

Најголема стапка на смртност од корона вирус во регионот е регистрирана во Словенија, а потоа следат Северна Македонија и Албанија, пренесе црногорската новинска агенција МИНА.

Стапката на смртност во Словенија е 5,65 проценти, во Северна Македонија 4,45 проценти, следат Косово со 3,19, Албанија со 3,1 и Хрватска и БиХ со 2,83%.

Најголем број активни пациенти на 100 илјади жители се регистрирани на Косово, а потоа следат Босна и Херцеговина (БиХ), и на трето место се Црна Гора и Северна Македонија, објави црногорската новинска агенција МИНА.

Во Северна Македонија се регистрирани 18 хоспитализирани на 100 илјади жители, во Хрватска три, а во Словенија едно лице.

Поврзани новости