202
Импортиран втор случај на морбили кај 12 годишно дете од Долно Коњари, општина Петровец, кое одбива да биде вакцинирано. Детето живее во седумчлено семејство, двајца родители и 5 деца, од кои 3 се вакцинирани, а две не.
Семејството престојувало во Нови Пазар, Србија. На 3-ти септември детето поради сомнение за мали сипаници се јавило на Клиниката за инфективни болести. Анализите и епидемиолошката анкета се направени истиот ден.
Ова е втор позитивен случај со морбили во државата, откако првиот случај бил во месец јуни, потврден во Лабуништа, струшко и исто така се работело за невакцинирано дете.