745
Кошаркарската репрезентација на Македонија одигра уште еден лош натпревар во рамките од квалификациите за Светското првенство и претрпе пораз на гостувањето кај Украина со 78:61.
Нашата екипа одлично го почна натпреварот и во првиот дел од мечот беше во предност, но на крајот попуштија силите на македонските кошаркари.
Во првата четвртина имавме водство и со шест „плус“, а во втората на двапати водевме и од „плус“ осум, но Украинците се вратија после паузата, за на крај да бидеме совладани со високи 17 разлика.
Ова е втор пораз за репрезентацијата на Македонија, а Украина ја забележа својата прва победа откако претходно загуби од Грузија.
Фото – ФИБА