521
Четириесет и тригодишен пациент со Ковид-19 од Тетово е тргнат од распиратор во градската болница „8 Септември“, објавува НОВАТВ.
Тој бил хоспитализиран во тешка состојба во болницата и на респираторна машина бил поставен на 6 мај, се до 17 мај кога е ослободен од респираторната машина и почнал слободно да дише.
Ова е втор пациент кој станал од респиратор во државата, а претходно ниту еден од пациентите со коронавирус кои беа на респираторна машина не преживеа.