Откако беше откажан битолскиот концерт на српскиот рапер Драгомир Деспиќ Десингерица, кој требаше да се одржи кон средината на јуни, деновие е откажан уште еден негов концерт, овојпат во Врњачка Бања.
Контроверзниот музичар, кој е познат по своите невообичаени настапи, и за време на секој концерт ги удира присутните во публика со патика по глава, ги прска со пиво, па дури и ги плука, во Битола не успеал да продаде доволно карти, но во Врњачка Бања неговиот настап во клуб бил откажан, токму поради неговото недолично однесување.
-Откажано е! Не дозволуваме некој да ги тепа нашите деца со патика по глава! Децата не се виновни, ние сме овде да се грижиме за нив и да им укажеме што е добро за нив, а што не е, информирале на страницата на клубот, а веста ја пренесоа повеќето српски медиуми.
Во Македонија музичарот имаше настап на 30-ти јули, во клуб во Охрид, од каде се објавија повеќе видео снимки. И тамошната публика, посебно оние во првите редови беа изложени на неговото удирање со патика и полевање со пиво, но според снимките, и покрај неговото однесување, публиката се забавува и му аплаудира.
Вики Клинчарова