911
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Битола, Тони Коњановски, е во водство со 19.571 гласови (42,83%) пред кандидатот на СДСМ, Христо Кондовски со 17.926 (39,23%). На трето место е кандидатот на ЛДП/ДОМ Горан Милевски кој освои 3.343 гласови, односно 7,32 отсто од излезените гласачи во Битола.
Според ваквата статистика се чини дека СДСМ ќе треба да смета на гласовите на ЛДП/ДОМ за да успее да добие градоначалник во Битола.
Сепак, за време на јавните настапи на Горан Милевски и на сите кандидати на коалицијата ЛДП/ДОМ, Одлучно за промени, јасно беше назначено нивното незадоволство од работата на владината коалиција.