Во Бугарија денеска се одржува вториот круг од претседателските избори, пренесува БГНЕС.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, на 14 ноември, на првиот круг од изборите, најмногу гласови доби актуелниот претседател Румен Радев, кој сега е независен кандидат поддржан од БСП, „Продолжуваме со промената” на двајцата поранешни привремени министри Кирил Петков и Асен Василев и партијата на ТВ водителот Слави Трифонов „Има таков народ”.
На второ место е независниот кандидат поддржан од ГЕРБ-СДС, ректор на Универзитетот во Бугарија, проф. Анастас Герџиков.
За Радев на 14 ноември гласаа 1.322.128 гласачи, а за Герџиков 610.710.
Право на глас во Бугарија имаат 6.700.000 граѓани, кои ќе можат да го направат својот избор во речиси 13.000 избирачки места.