468
Вториот ден на Светското фудбалско првенство во Катар ќе донесе три дуели, а настапот денеска го започнуваат две репрезентации од поширокиот круг фаворити за освојување на титулата – Англија и Холандија.
Во воведниот натпревар од групата Б, Англија од 14 часот ќе игра против Иран, додека првото коло во оваа група ќе го комплетираат САД и Велс со почеток во 20 часот.
Од 17 часот на програмата е дуелот меѓу Сенегал и Холандија во рамки на групата А.
Во првиот натпревар од истата група, Еквадор вчера на отворањето на Мундијалот во Катар го совлада домаќинот со 2-0.