Од вчера наутро е исчезнат Ангел Василев од Ваташа, Кавадарци, осумдесет-годишен пензионер, кој рано утрината ја полевал бавчата и работел низ неа, за да потоа замине во непознат правец.
Неговото семејство за ,,Фокус” вели дека никогаш во минатото не се случило тој да замине од дома без да им каже каде оди. Еден од соседите го забележал вчера наутро, околу 7:30 часот, по што му се губи траг.
– Исчезнувањето го пријавивме во полиција уште вчера, кажано ни е дека се трага по него. Од она кое го знаеме досега, не се вклучени кучиња трагачи ниту дронови, ниту пак полициски службеници дојдоа во домот, да извршат било какви проверки.
Станува збор за човек кој е подвижен, сам одеше во банка да си ја подига пензијата, работеше низ бавчата, а заедно со брат ми одеше и на лозјето. Прима редовна терапија, бидејќи има одредени проблеми со помнењето, некогаш се беше во ред со него, некогаш подзабораваше, но ниту еднаш не заминал вака од дома, затоа сите сме загрижени, вели неговата ќерка.
Појаснува дека кога заминал од дома, Ангел бил во влечки, во темни тренерки и кафена маица на кратки ракави.
Семејството замолува доколку некој го забележи, веднаш да пријави во полиција.
Вики Клинчарова