Втор ден примирје во Газа, нова размена на заложници и затвореници

by Фокус

Примирјето во Газа влегува во втор ден со повеќе заложници кои ќе бидат разменети и со поголема достава на хуманитарна помош.

Хамас, кој беше прогласен за терористичка организација од страна на САД и ЕУ, се очекуваше да замени повеќе од своите заложници за затвореници што ги држеше Израел на вториот ден од прекинот на огнот, што дозволи влез на хуманитарна помош во Газа и прв „одмор“ за цивилите по седум недели војна.

- Advertisements -

На првиот ден од четиридневниот прекин на огнот, Хамас ослободи 24 од околу 240 заложници земени за време на нападот врз Израел на 7 октомври, а Израел ослободи 39 Палестинци од затвор.

Ослободени од заробеништво во Газа беа 13 Израелци, 10 тајландски државјани и државјани на Филипини.

Во текот на четирите дена примирје Хамас треба да ослободи најмалку 50 израелски заложници, а Израел 150 палестински затвореници.

Израелските власти соопштија дека 14 израелски заложници кои ги држи Хамас денеска ќе бидат ослободени во замена за 42 палестински затвореници.

Ова е втор ден од привремениот прекин на огнот во договорот постигнат со посредство на Катар, кој наложува размена во сооднос од три спрема еден.

Поврзани новости