Втор ден претседателски избори во Русија, излезноста е над 55 отсто

by Фокус

Излезноста на претседателските избори во Русија на вториот ден од гласањето надмина 55 отсто, соопштила руската Централната изборна комисија.

Како што е наведено на веб-страницата на ЦИК, до 20 и 19 часот по московско време на избирачките места излегле 55,1 отсто од гласачите, пренесуваат руските медиуми.

На изборите во Русија во 2018 година, кога гласањето траело еден ден, излезноста до 10 часот по московско време била 16,55 отсто, до 12 часот 34,72 отсто, а до 17 часот 51,9 отсто, а на крајот излезноста надминa 67 отсто.

Претседателските избори во Русија почнаа во петокот, а гласањето завршува утре. За претседателската функција се борат четворица кандидати – Леонид Слуцки, Николај Харитонов, Владислав Даванков и актуелниот претседател Владимир Путин.

Московските медиуми проценуваат дека бројот на гласачи во Русија е 112 милиони, но таа бројка всушност вклучува 4,5 милиони луѓе во окупираните делови на украинските региони Донецк, Луганск, Запорожје и Херсон. Покрај тоа, два милиони Руси кои живеат во другите земји, исто така, имаат право на глас.

Поврзани новости