И денеска продолжува отчетот на градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека 120 милиони евра за проекти се реализирани во над 40 општини каде градоначалниците се од ВМРО-ДПМНЕ, додека СДСМ нема отчет.
-Се реализираа или се отпочна со реализација во патна инфраструктура, градба на надвозници, клучки, нови улици, булевари или нивна реконструкција во вредност од над 36 милиони евра. Се изградија и реконструираа водоводни и канализациони мрежи за една година во вредност од над 20 милиони евра. За една година се отпочна со реализација на голем број на градинки низ цела Македонија. Се инвестира и во основните училишта, велат од партијата.
За СДСМ овој саем на градоначалниците на опозицијата е панаѓур на којшто градоначалниците наместо на граѓаните му реферираа на шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски.
-Најголем проект на локалната власт на шпицниот градоначалник Мицкоски е скандалот со тедерот вреден 136 милиони евра за пречистителна станица. Мицкоски претходно јавно соопошти дека лично тој во име на Град Скопје преговорал за набавка на нови електрични автобуси, па отиде чекор понатму најавуваше дури и фабрика. Денес автобусите и фабриката никаде ги нема, нема бесплатен превоз, но има заглавени и нефункционални јавни претпријатија, долгови и хаос, велат од СДСМ.