Втор ден избори во Русија

by Fokus

Во Русија почна вториот ден од гласањето на тридневните парламентарни и регионални избори. Вкупната излезност на гласачите на изборите за Државната дума на Русија вчера до 20 часот по московско време изнесува 16,85 проценти, објави руската Централна изборна комисија.

Изборите за 450 пратеници во Думата се одржуваат до утре, 19 септември. Пратениците се избираат за петгодишен мандат според мешан изборен систем: 225 пратеници се избираат од партиските листи и уште 225 од едномандатни изборни единици во еден круг.

Истовремено, девет руски региони избираат гувернери, 39 региони избираат законодавни тела, а гласачите во 11 градови избираат нови градски собранија.

Поврзани новости