Вселенскиот проект „Вирџин орбит“ на милијардерот Бренсон престана со работа по банкротот

by Fokus

„Вирџин орбит“, компанијата за лансирање сателити основана од британскиот милијардер Ричард Бренсон, трајно престанува со работа, само неколку месеци по големиот неуспех на една од мисиите.

Во соопштението во кое компанијата објави дека го продава својот имот на четворица понудувачи, компанијата им се заблагодари на своите вработени и на заинтересираните и кажаа дека се надеваат дека ќе бидат запаметени по нивните „револуционерни технологии“.

Компанијата со седиште во Калифорнија, која веќе во април поднесе барање за заштита од банкрот, ги стави на аукција своите главни средства, враќајќи над 36 милиони долари.

Таа бројка е еден процент од вредноста што компанијата ја постигна на крајот на 2021 година на Волстрит, кога беше проценета на 3,5 милијарди долари.

 

Поврзани новости