Индискиот вселенски брод „Чандрајан-3“ успешно слета на површината на Месечината, со што Индија стана првата земја која успешно слета вселенско летало во близина на јужниот пол на Месечината, пишува Би-Би-Си.
Сите претходни мисии на Месечината слетаа во близина на екваторот – но истражувањето на јужниот пол е клучно за потрагата по вода.
Научниците сега се надеваат дека ќе распоредат ровер за испраќање слики и податоци назад на Земјата.
Претходниот обид на индиската вселенска програма да испрати вселенско летало на Месечината пропадна во 2019 година, а мисијата Чандријан 3 доаѓа само неколку дена по руското летало, прво во последните речиси 50 години што го имаше истата мисија, и се урна на површината на Месечината, пренесува Гардијан.
Слетувањето на веселенскиот брод на Месечината беше придружена со громогласен аплауз во центарот на Индиската организација за вселенско истражување (ИСРО).
Таму будно беше следено она што научниците го нарекуваат „15 минути ужас“, а спуштањето го следеше и премиерот на Индија, Нарендра Моди.