Со изведување на минимално инвазивни зафати и врвни операции денеска беше одбележан 23тиот роденден на Клиниката Жан Митрев. Медицинските тимови направија 4 кардиохируршки, 2 васкуларни, 2 ортопедски и 1 абдоминална операција. Исто така беа спроведени и 3 минимално инвазивни кардиолошки зафати (2 ТАВИ и 1 ТЕВАР).
TAVI– Transcatheter Aortic Valve Implantation е всушност замена на срцев залисток/ валвула, односно третирање на тешка аортна стеноза без операција, во овој случај 39та по ред. А втората TEVAR е сложен хибриден зафат на торакоабдоминалната аортна аневризма од која до сега се изведени 59 во нашата клиника.
Примената на современите методи во кардиохирургијата како што се зафатите TAVI и TEVAR се од особена важност за пациентите бидејќи се решаваат состојби на срцето без отворање на градниот кош на пациентот како резултат на што пациентот закрепнува за многу кратко време без компликации.
„Ова е голем ден за нашата Клиника, голем ден и за приватното здравство во Македонија, бидејќи за 23 години успеавме да покажеме дека со истрајност и труд можен е развојот на приватното здравство. Станавме синоним за примена на највисоките светски медицински стандарди и тоа ќе останеме“, порача д-р Жан Митрев по изведувањето на оперативните зафати.
Клиниката ја започнува својата работа во 2000та година со 6 вработени, една операциона сала и 12 болнички кревети. Денес Клиниката располага со простор од 17 000 м2, 5 операциони сали, одделенија за интензивна и полу интензивна нега каде функционира нашиот тим од над 350 вработени.
Има направено 40 000 операции, 1 милион прегледи и брои 390 000 пациенти кои поминале низ институцијата.
„Пред себе имаме целосно дигитализирана Клиника којашто ги задоволува највисоките еколошки стандарди без CO2 отпечаток (carbon footprint). Во 2020 година, во време на пандемија, по вторпат добивме акредитација со златен печат од „Joint Committee International“. Овие признанија сепак се дополнување на беспрекорната работа на тимот на Клиниката и секако тука е нашата почит и благодарност кон нашите пациенти кои ни го доверуваат најскапоценото- нивното здравје“, додаде Митрев.
Под Клиниката функционираат и два големи дијагностички центри под брендот Жан Митрев Дијагностик во Струмица и во Битола.
ПР текст