Врховниот судија Наќе Георгиев кој е осомничен дека зел 10.000 евра поткуп денеска во судницата на Апелацискиот суд тврдеше дека е невин.
Вели дека бил наместен од синот на поранешниот градоначалник на Ново Село – Боро Стојчев.
Георгиев е во притвор 53 дена е во притвор. Тој во детали објасни како се нашол во, како што ја нарече, замката на фамилијата Стојчеви.
Тој тврдеше дека бил следен и прогонуван од синот на Боро Стојчев, тој му ѕвонел на телефон, доаѓал пред врата и нудел се само неговиот татко да добие поблага казна.
„Арогантен, вртел со колата околу куќата, ја снимал, ги вадел од контекст разговорите со нова технологија. Секој можат да наместат. Секој што ќе изгуби предмет може да оди во полиција да те пријави дека е тој оштетен. Не е тој, Јас сум оштетен“ – рече Георгиев во Апелацискиот суд.
Врховниот судија беше уапсен на 20 мај на паркинг пред трговски центар во Скопје каде, според обвинителството, во тој момент го земал поткупот.
Георгиев пак вели не знаел што има во ќесата. Дека се парите дознал од медиумите. Бил само повикан од синот на екс градоначалникот да дојде на паркингот.
„Тој дојде во Скопје, остава и бега. Кога видов, мислев ми доставува марихуана бидеќи со татко му се познати по тоа. Веднаш ми стана јасно, во 3.19 бев судија, а една минута подоцна затвореник, од сите страни дојде полиција како да сум меѓународен криминалец“, објасни Георгиев.
Додаде дека се срами од целата ситуација, го изгубил угледот и нема простор да го повтори делото, па затоа и смета дека повеќе не треба да е во притвор.
Обвинителството очекува врховниот судија да остане во притвор бидејќи смета дека тој може да влијае на истрагата.