Врховниот суд денеска не донесе одлука дали биле законски одлуките на СЈО за притвор на градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, и неговиот колега градоначалникот на Битола, Владимир Талевски.
Седницата на Врховниот суд денеска се одвиваше зад затворени врати за јавноста каде се разгледуваа пресудите на пониските судови за „Титаник“ и „Транспортер“.
Темелко е осомничен во истрагата на СЈО под името „Титаник“ за изборни нерегуларности извршени во 2013 година. Градоначалникот на Пустец беше приведен без судска наредба, а Кривичен го одби барањето за определување мерка притвор како неосновано.
Градоначалникот на Битола, Владимир Талевски, е првоосомничен во случајот „Транспортер“ во кој тој и 22 лица од Битола и околијата се сомничат за малверзации поврзани со превоз на ученици.