388
Горан Грујевски, поранешниот началник на Петта управа и Никола Бошковски, поранешен вработен во УБК, ќе одат во притвор, бидејќи Врховниот суд денеска го потврди решението на Апелација и ги отфрли нивните жалби, неофицијално дознава „Фокус“.
Овој суд одлучи од притвор сепак да се спаси Тони Јакимовски, поранешен шеф на кабинетот на Сашо Мијалков. Наместо во притвор, врховните судии одлучиле да му се одземе и дипломатскиот пасош.
На тројцата обвинети во „Таргет и Тврдина“, Кривичниот суд најпрво одлучи да им бидат одземени пасошите, но по жалбата на Специјалното јавно обвинителство до второстепениот суд, Апелациските судии им одредија притвор од 30 дена, по што одбраната се жалеше од Врховен.