Врховниот суд ги одби сите приговори на 17 – те судии

by fokus

Врховниот суд, денеска, зад затворени врати, на општа седница одлучи да ги одбие сите приговори што ги поднесоа 17-те судии, а кои се жалеа на последниот годишен распоред кој го направи в.д. претседателот на кривичниот суд, Стојанче Рибарев, а со кој повторно беа деградирани, но и тргнати од одделите каде што пристигнуваат предметите од СЈО.

Претходно, на истата седница, судиите донесоа одлука дека претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски останува дел од Кривичниот совет кој ќе одлучува за притворот на осомничениот бизнисмен Сеад Кочан. Поточно, беше одбиено барањето на СЈО за негово изземање, поради неговата поврзаност со „бомбите“ на опозицијата, и истото го отфрли.

 

 

Поврзани новости