355
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи денеска ги повика муслиманските земји да ги прекинат политичките врски со Израел, барем на ограничено време, објави новинската агенција Тасним, неколку недели откако повика на исламско ембарго за нафта и храна за Израел.
За време на самитот на членките на Организацијата за исламска соработка и Арапската лига, што се одржа на 11 ноември во главниот град на Саудиска Арабија, муслиманските земји не се согласија да воведат строги санкции кон Израел, што беше побарано од иранскиот претседател Ебрахим Раиси, пишува Ројтерс.