По барање на осудената екс министерка, Гордана Јанкуловска, Врховниот суд одлучи да и го одложи издржувањето на казната затвор од четири години со која беше осудена во предметот „Тенкс“ на СЈО за набавка на луксузниот мерцедес. Од Врховниот суд денеска соопштија дека го уважиле барањето на Јанкуловска.
„Во решението е наведено дека, извршувањето на казната изречена со пресудата на Основниот кривичен суд – Скопје од 08.10.2018 година, а потврдена и преиначена во делот на казната со пресуда на Апелациониот суд –Скопје од 25.03.2019 година со која Г.Ј. е огласена за виновна за кривичното дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ од член 353 ст.5 в.в со став 1 в.в со член 23 од КЗ и осудена на казна затвор во траење од 4 години се одлага се до одлучување по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилната пресуда од страна на Врховниот суд на РСМ“, соопштуваат од судот.