Врховен суд: Донесувањето на измените на Кривичниот законик е спротивно на европските стандарди

by Fokus

Врховниот суд добил непотполна верзија на измените на Кривичниот закон, без спорните членови со кои се намалуваат казните за функционерите.  Судот ги добил предлог измените без одредбите за злоупотреба и злосторничко здружување, биле потпишани од министерот за правда Кренар Лога и од Врховен се барало да даде свое мислење до 20 септември.

-Во Врховниот суд од страна на Министерството за правда не беа доставени на мислење предметните измени на Кривичниот законик. Со тоа беше оневозможено Врховниот суд да даде мислење за донесените законски измени кои претставуваат прашање од висок јавен интерес. Врховниот суд смета дека донесувањето на законски измени без транспарентен процес преку јавна дебата и стручна расправа е спротивно на заложбите за реформи на законодавството во согласност со европските стандарди, соопшти Врховен суд.

Државната комисија за спречување на корупцијата претходно иимаше скоро идентична изјава дека до нив не е доставен предлогот на измените на Кривичниот законик со кој се намалуваат казните за гфункционерите и со кои се намалу периодот на застарување за делата. Исто така и од нив е побарано да дадат мислење до 20 овој месец.

Минатата недела предлог измените поминаа на Владата, без изгласани од Собранието и потпишани од претседателот Стево Пендаровски.  Ова предизвика силни реакции во стручната јавност, но и меѓу граѓаните.

-Врховниот суд на Република Северна Македонија секогаш давал поддршка на законски решенија кои придонесуваат за ефикасна борба против корупцијата и криминалот и поаѓајќи од тие заложби и во минатото немал забелешки за висината на казните за предметните кривични дела, ниту предложил нивно ублажување, соопшти Врховниот суд по денешната седница на Одделот за казниви дела при Врховниот суд, на која ги разгледа измените на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик.

На предметите што се во Врховниот суд измените на Кривичниот Законик ќе имаат ефект само за оние кои доаѓаат по жалба, но не и по вонреден правен лек.

 

 

Поврзани новости