Врховен му ги одби барањата на Панчевски и ја потврди правосилната пресуда

by fokus

Врховниот суд ги одбил барањата на поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски за преиспитување на правосилната пресуда со којашто е осуден на две и пол години затворска казна којашто му ја одреди Кривичниот суд, а Апелација потврди.

-Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека на ден 13.07.2022 година постапуваше по предметот Квп2.бр.106/22, оформен по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда од осудениот Владимир Панчевски од Скопје, лично и преку неговиот бранител и одлучи барањата да се одбијат, се вели во краткото соопштение на Врховен.

Претходно Врховниот суд по безмалку две неделни откако Панчевски влезе во затворот во Шутка, го прифати неговото барање и ја укина пресудата на Апелација за поранешниот претседател на судот, откако тој поднесе барање до Врховен бидејќи не учествувал на јавна седница на Апелација.

По оваа одлука Панчевски излезе од Шутка. Тој првично беше осуден на казна затвор од 3,5 години, но Апелација му ја намали за една година. Беше огласен за виновен за Злоупотреба на службената положба, поточно дека рачно местел предмети кај одредени судии, како претседател на судот, во периодот од 2013 до 2016 година.

Поврзани новости