Врховниот суд ги укина пресудите на Основниот суд Скопје 1 и на Апелација за случајот „Ликвидација“ и предметот го врати на повторно судење.
Ова на својот Фејсбук профил го соопшти новинарот Томислав Кежаровски кој беше осуден на 4,5 години казна затвор, а потоа Апелација му ја намали казната на две години.
Кежаровски во 2013 година беше осуден за откривање на идентитетот на заштитениот сведок во случајот „Ореше“ во текст во списанието „Репортер 92“, со што според судот му го загрозил животот.
„Фокус“ побара официјална потврда од Врховниот суд, но оттаму не одговорија на нашите повици и смс пораки.
Кежаровски помина пет месеци во притвор, во истражниот затвор „Скопје“, а опотоа беше во домашен притвор.
Во овој случај осудени на правосилни казни беа и обвинетите:
- Иле Танев, единствена казна затвор во траење од 1 година и 6 месеци.
- Валентин Зафиров, казна затвор од 2 години и 6 месеци.
- Ивица Ефремов, единствена казна затвор од 3 години.
- Борис Николовски, условна казна од 1 година затвор, која нема да се изврши доколку тој во следните 3 години не стори ново кривично дело.
- Сашо Лазаревски, условна казна од 1 година затвор која нема да се изврши доколку тој во следните 3 години не стори ново кривично дело.