Времето сончево, попладне со услови за интензивен пороен дожд, ветер и град

by Fokus

Времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.

Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.

UV=8.

Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност.

Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Во текот на следната седмица во попладневните часови ќе има честа појава на пороен дожд и грмежи.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Ќе се задржи топло време, но со постепено опаѓање на дневната температура.

Поврзани новости