Времето облачно и врнежливо, од среда се очекува да биде стабилно

by irena 07:57
07:57

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, информираат од Упрвата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни, а се очекува за 24 часа да наврнат над 30 литри на метар квадратен, со услови за појава на грмежи. Температурите ќе бидат во интервал од 6 до 18 степени.

И во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, што ќе бидат пообилни попладне. Температурите ќе бидат од 10 до 17 степени.

Локални врнежи ќе има и во вторник во попладневните часови. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

Слични вести