Министерот за правда, Никола Тупанчески, вели дека времето ќе покаже дали обвинувањата за поврзаноста на новиот шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Ислам Абази со ДУИ имаат реална основа.
-Ги видов и тие фотографии кои имплицираат дека избраниот обвинител има некаква конекција или комуникација со претставници на одредена политичка партија. Никогаш не може до крај да се неутрализираат, најважно е дека практично времето ќе биде главниот фактор кој ќе покаже дали навистина овие хипотези и претпоставки што се пласираат по неговиот избор имаат реална основа. Практично, комуникацијата не може да биде исклучена, но најважно е да не биде злоупотребена – изјави Тупанчевски
Неговиот коментар доаѓа откако вчера се појавија фотографии на Абази со функционери од ДУИ откако обвинителот тврдеше дека нема лични контакти со интегративците.