Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени Целзиусови.
Во Скопје и во околината ќе биде сончево со мала облачност и со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 22 степени.
Според најавите од УХМР, утре наутро ќе биде свежо, а преку денот со сончеви периоди и повторно релативно топло за овој дел од годината.
Во среда ќе преовладува облачно време проследено со слаб до умерен дожд. Потоа до крајот на работната недела температурите ќе бидат пониски за 2 до 5 степени во однос на оние на почетокот на неделата.