Времето денеска сончево и многу топло со температура до 38 степени

by Fokus

Времето денеска ќе биде сончево со максимални температури до 38 степени, информираат од УХМР.

Во попладневните часови се очекува да има изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19 степени, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала умерена облачност.

Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Слично време не очекува и во останатите денови од неделата.

Поврзани новости