Времето денеска променливо облачно со температури до 20 степени

by fokus

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во источните делови од земјата ќе има услови за локален дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северозападен правец,  Утринската температура ќе биде од 0 до 8 степени, а дневната од 9 до 20 Целзиусови степени.

Во Скопје, времето ќе биде променливо oблачно со сончеви периоди и ветровито со умерен до засилен ветер од северозападен правец. Утринската температура во Скопје ќе биде 5 степени, а во текот на денот ќе се искачи до 18.

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Темпертурата наутро ќе биде од -1, а во текот на денот ќе се искачи до 24 Целзиусови степени.

Поврзани новости