Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува и слаб до умерен, претежно југозападен ветер кој вдолж Повардарието и во Пелагонија ќе биде посилен, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во попладневните часови се очекува локална појава на пороен дожд и грмежи особено во северните и источните делови од земјата. Температурата наутро ќе биде од 10 до 17 Целзиусови степени, а попладне од 21 до 31 Целзиусов степен.
Во Скопје, времето денеска, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Температурата ќе биде од 14 до 29 Целзиусови степени.
Според информациите од УХМР, утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер кој краткотрајно ќе засилува и ќе биде претежно од југозападен правец. Температурата утре ќе се искачи до 33 Целзиусови степени.
И во Скопје утре ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен источен ветер, а температурата ќе биде до 32 Целзиусови степени.