– Времето денеска променливо облачно и релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. Дуваше засилен, повремено силен ветер од јужен правец, кој во Штип и Виница достигнуваше брзина и над 70 км/час. Водниот талог наврнат до 16 часот изнесува 5 л/м2 во Маврови Анови, 4 Охрид, 2 Крива Паланка, Тетово, Лазарополе и 1 л/м2 во Крушево, Пожаране и во Струмица, информираат од Управата за хидрометеролошки работи.
До крајот на денот ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. На места, особено во источните делови врнежите ќе бидат поројни (над 35 л/м2), проследени со грмежи, а локално ќе има услови за краткотрајно невреме. Во ноќните часови на планините и на некои повисоки места во западните делови врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка. На повеќе места ќе дува засилен, повремено силен јужен ветер (над 70 км/час).
Според УХМР, во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец.