Времено исклучен првиот блок на РЕК Битола

by Fokus

Првиот блок на РЕК „Битола“ е времено исклучен од електроенергетска мрежа, поради превентивен карактер, информираат од АД „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ).

„Во услови на енормна влага кај депонираниот јаглен поради интензивните снежни врнежи, потребната моќност на термоблоковите може да се постигне само со користење на огромни количини на мазут – што може да доведе до нарушена работа на котелот“, соопштија од ЕСМ.

Како што додаваат, застојот нема да биде подолг од неколку дена, со оглед на тоа што се очекува стабилизација на временските услови, а со тоа и подобрување на квалитетот на јагленот.

Производството, велат дека ќе продолжи од ТЕ „Битола 3“, „ЕСМ Енергетика – Когел“, расположливиот хидропотенцијал и ветерниот парк „Богданци“, во согласност со потребите на универзалниот снабдувач.

Поврзани новости