Време е ДУИ да замине во опозиција, смета Мицкоски

Добро е за внатрешна катарза за една партија да помине барем еден циклус во опозиција, тоа е здраво за таа партија и на следните избори тоа време ќе дојде, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за Фокус.

by Фокус

Дојдено е време кога на ДУИ ѝ е потребно да помине еден изборен циклус во опозиција, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервјуто за најновиот број на неделникот „Фокус“.

Предолго е на власт, 20 години е период што може да ве контаминира, компромитира и корумпира. Добро е за внатрешна катарза за една партија да помине барем еден циклус во опозиција, тоа е здраво за таа партија и на следните избори тоа време ќе дојде. Ете, да видиме со каков капацитет и потенцијал располагаат од албанската опозиција. На изборите во Тетово, каде што ВМРО го победи СДСМ 2 спрема 1, Беса го победи ДУИ – вели Мицкоски.

Тој посочува дека целта е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да освојат 61 пратеник на следните парламентарни избори, но, како што нагласува, во секој случај ќе формираат влада.

Целото интервју прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Разговараше
Влатко СТОЈАНОВСКИ

Поврзани новости