Канцеларијата на ОБСЕ-ОДИХР, поради стравот од изборни нерегуларности на наредните претседателски и парламентарни избори во Северна Македонија, одлучи овој изборен процес да го надгледува со 24 долготрајни и 300 краткотрајни набљудувачи, велат од албанскиот опозициски сојуз ВРЕДИ.
„Напоменуваме дека за една земја членка на НАТО ваквото присуство на ОБСЕ-ОДИХР на изборите е знак дека оваа земја има реален потенцијал за нерегуларности во изборниот процес, факт кој зборува многу лошо за демократските стандарди на Северна Македонија. Само за споредба, ваква квалификација за изборниот процес немало од 90-тите години на минатиот век.
Ова е причината да поставиме прашање која била улогата на Бујар Османи во претседавњето со ОБСЕ и какви извештаи и информации има даведено за ОБСЕ да ја оценува Северна Македонија како земја со кревка демократија? За жал, насто тој да се чувствува одговорен за оваа ситуација, тој го прави спротивното – се жали на ваквиот извештај на ОБСЕ-ОДИХР заборавајќи притоа дека тој е министер за надворешни работи и беше претседавач на OБСЕ во минатата година“, велат од ВРЕДИ.
Од таму сметаат дека Османи е должен да објасни зошто е ваквата оценка на ОБСЕ и врз основа на какви анализи, аргументи во 2023 година оценил дека изборите во Северна Македонија можат да предизвикат дестабилизација, кој му ги дал овие информации и зошто тој не ги споделил на транспарентен начин со јавноста досега?