„Со оглед на фактот дека опозициската ДУИ сака да фрла прашина во очите на јавноста со предлози за меѓународен ветинг на сите политичари во изминатите 30 години, ВРЕДИ го реафирмира својот предлог за вистинска борба против политичка корупција. Ние сме генерација политичари која не млати празна слама туку преминува на дела. Доколку ДУИ навистина сакаше да се справи со политичката корупција имаше цели 22 години власт да преземе конкретни чекори. Напротив, ова инкриминирано раководство на ДУИ иницираше срамни измени на Кривичниот Законик за амнестија на бројни случаи на политичка корупција“ рече денеска на прес-конференција портпаролот на Коалицијата ВРЕДИ – Фари Хисени.
Според него, „целта на ВРЕДИ е да изградиме Уставен механизам кој ќе ги адресира сите избрани и именувани функционери во законодавната, извршната и локалната власт, кои со незаконски обавување на службена положба стекнале противправна имотна корист. Политиката не смее повеќе да биде најпрофитабилен бизнис!“.
„Или ќе им служиме на граѓаните и државата во вистинска смисла на зборот или ќе станеме земја на духови. Сите млади ќе заминат и нема да им текне да се вратат.
Затоа, ако ДУИ навистина сака да се расчистат сите случаи на политичка корупција, ама со правосудни последици, а не само со забрана за занимавање со политика, веднаш да се изјасни дали нивните пратеници ќе се потпишат на нашата иницијатива за измени на Уставот која сме силно убедени дека треба да ги обедини сите политички партии во Северна Македонија. Уставен амандман кој ќе ја приближи Северна Македонија огромен чекор напред во ЕУ интеграцијата“ смета Хисени.