Коалицијата „Вреди“ поднесе кривична пријава за ширење говор на омраза преку социјалните мрежи против лидерот на Македонски концепт, Петар Богојески. Кривичната пријава ја поднесе адвокатот Абидин Абдуљи.
„Денеска поднесовме кривична пријава против лицето Петар Богојески за ширење на говор на омраза на социјалната мрежа Фејсбук, со тоа што тој со таков говор на омраза стори кривично дело казниво по член 319 и 398 од Кривичниот законик. Го поттикнуваме Јавното обвинителство во иднина овие кривични дела да ги гони по службена должност по допир на глас затоа што истите се јавни и се даваат и во секои медиуми, на социјалните мрежи“, рече Абдуљи.
И од Македонски концепт утрово најавија дека ќе поднесдат кривична пријава проти Вреди, обвинувајќи ги за „ противправно користење на албанскиот јазик и знаме во Македонија, за навреди и омаловажување на Македонија и македонскиот народ, за незаконско прикривање на воени злосторства против човештвото, направени на територија на Република Македонија, за создавањето на атмосфера на линч против Петар Богојески и Македонски Концепт, како и за ширење на етничка и верска омраза и злоупотребата на ОЈО за прикривање на таквите дела, а сето тоа од страна на политички субјекти, новинари и граѓани организирани во злосторничко здружување“.