Од коалицијата Вреди обвинуваат дека кандидат Албанец во баталјонот „Волци“ во АРМ бил претепан од негови македонски колеги.
„Овој аларм треба повеќе да ги загрижува албанските кадри во Министерството за одбрана, особено заменик министерот, сега актуелен министер Тирон Јајага, кој мора да објасни зошто се случило тоа и зошто тој дозволил да се дојде до ваква ситуација. Ние прашуваме како може човек повикан на професионализам и соработка со НАТО да дозволи и да не преземе одговорност за ваков скандал? Како може ваков скандал да помине без одговорност дури и од техничкиот премиер Талат Џафери и од в.д. министерот за внатрешни работи Назим Буши? Дали е ова некое антиалбанско сценарио подготвено од Владата сега веќе во заминување за да создаваат меѓуетнички тензии?
Исто така ги повикуваме и истражните органи што поскоро да го расветлат овој случај и сторителите кои го претепаа албанскиот капетан, да излезат пред правдата, како и да се дозне вистината, кој и зошто го испратил него во Психијатриската болница во Бардовце? Кому му смета напредокот на Албанците во прашањата за државната безбедност и одбрана?“ прашаа од коалицијата Вреди.