Коалицијата „Вреди“ доби уште еден пратеник во шестата изборна единица, а ДУИ изгуби по денешното прегласување во изборното место 2101 во селото Ларце, Општина Желино.
Претставникот на коалицијата Башким Хасани изјави дека тие добиле речиси 500 гласови од вкупно 993 граѓани со право на глас, додека ДУИ добиле само 48 гласа.
-Кога се гласа без притисоци, без кражби и без многу манипулации резултатот е тој што денес и го имаме. Со овој резултат го добиваме во случајот и 14-тиот пратеник. И покрај сите притисоци, на началници на полиција, на инспектори и на моменти кога се нудеа пари за да се гласа. Ние овие случаи од утре сите ќе ги пријавиме и ќе инсистираме на нивна одговорност. Коалицијата „Вреди“ има близу 500 гласови, а Европскиот фронт 48 гласови, изјави Башким Хасани.
Во петтата изборна единица состојбата останува иста, па сегашниот пратеник на ДУИ, Исмаил Јахоски останува во новиот парламентарен состав.
Денеска имаше прегласување на шест изборни места во петатта изборна единица, а на едно избирачко место во шестата изборна единица.