„Вреди“ го подготвува Законот за правична застапеност којшто треба да го замени укинатиот „балансер“ и веќе следната недела ќе се одржи јавна дебата, изјавни министерот за здравство Арбен Таравари кој е дел од оваа коалиција.
-„Вреди“ подготвува нов закон, кој што се надевам идната недела ќе биде во јавна дебата. Ќе бидеме в координација со партнерите во коалиција. Од сите страни е констатирано дека „балансерот“ не функционираше како што треба – изјави Таравари пред почетокот на настанот „World Changers Balkan Summit“ во Филхармонија.
Тој порача дека е потребен Закон за правична застапеност, не само за етничка категорија, туку за сите категории кои што се маргинализирани во општеството.
– Нам ни треба јавна дебата и синхронизација, бидејќи правичната застапеност е уставна категорија и секогаш кога нешто е уставна категорија, треба да постои и закон – додаде Таравари.